Нов скандал ја стресе Чешка: Наместо говедско, продавале коњско месо

 

 

Во Чешка повторно е откриено непријавено коњско месо, во состав дури 87 проценти во декларирано говедско месо кое потекнува од Летонија.

Во земјата се увезени 144 конзерви со фалсификувано говедско месо, јави дописникот на МИА од Прага.

Според надлежните, неговата консумација не е штетна за здравјето за луѓето, но сепак се работи за прекршок бидејќи не е наведено како состав во официјалната декларација. 

најчитано сега