Пијан полицаец дивеел низ улиците - со службениот автомобил пробал да им избега на колегите

Граничен полицаец од Хрватска предизвикал вистинска драма на улиците кога со својот службен автомобил почнал да им бега на своите колеги-полицајци бидејќи бил пијан.

Како што пренесува 24сата.хр, полицаецот откако заминал од работното место решил да се опушти во еден бар. По неколку испиени чашки, започнал да танцува со келнерката, а потоа откако неговиот шеф му испратил неколку колеги во контрола, тој направил нешто уште поглупаво.

Имено, полицискиот службеник чиј идентитет не се открива, бил толку пијан што започнал да им бега на колегите со службеното возило, но на крајот успеале да го фатат.

против него ќе биде поднесена кривична и ќе биде отстранет од работното место.

 

02.02.2014 - 12:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега