Попоски дел од Минхенската конференција за безбедноста и мирот на глобално ниво
Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска учествува на 50. Минхенска безбедносна конферениција. Заедно со над 300 лидери и експерти од светот на политиката и безбедноста, македонскиот министер ќе дебатира за глобалните безбедносни предизвици и актуелни теми, посветени на зачувувањето на мирот и безбедноста на глобално ниво.
Попоски оствари средба со својот колега од Државата Катар, Калид Бин Мохамед Ал-Атијах, а потоа учествуваше и на работниот ручек во организација на претседавачот на Конференцијата, амбасадорот Волфганг Ишингер, поранешниот сенатор на САД, Сем Нан, поранешниот секретар за одбрана на Обединетото Кралство, Дес Браун и поранешниот руски министер за надворешни работи, Игор Иванов, на кој беше презентиран предлог Извештајот за градење заедничка безбедност во Евроатланскиот регион.
Исто така, министерот за надворешни се сретна и со колеги, министри и истакнати дипломати од земји членки на ЕУ и од регионот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа