САД тестираат нов беспилотен авион

САД станаа првата држава во светот што истрелала беспилотен летачки апарат од носач на авион, пишува рускиот весник „Независимаја газета“.

Американскиот дрон со тежина од 20 тони поседува исклучителни борбени карактеристики. Може да собира разузнавачки податоци, но и да гаѓа цели од воздух. Авионот со крила на расклопување нема опашка и според формата наликува на змеј.

Плафонот на летот му е над 12 километри; а може да лета над шест часа без полнење и тоа на растојание од речиси 4.000 километри.

Моделот се тестира во моментот кога нуклеарниот носач на авиони „Џорџ Буш постариот“ плови по Атлантскиот океан. 

најчитано сега