Јанакиески: Прилепско годинава ќе добие локални канализациони системи

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска присуствуваше  на поставувањето камен-темелник на нов канализационен систем во должина од 5,5 километри во прилепското село Мало Коњари.

- Лани во прилепско се изградија десетина локални патишта. Оваа година  ќе се градат канализационите системи во селата. Овој во Мало Коњари во должина од 5,5 километри е инвестиција на Министерството од 17 милиони денари. Министерството за транспорт и врски ќе вложи и во изградбата на вакви системи во селата Големо Коњари и Канатларци. Вкупната инвестиција во трите села е 1,3 милиони евра. Ова ќе го подобри квалитетот на живеењето на населението, рече Јанакиески.

Досега во четириесеттина села во општината се изградени 120 километри асфалтен пат. Сега ќе се гради канализацијата во три села – Мало и Големо Коњари и Канатларци и во уште две-три населени места. Ќе се поврзуваат и села во Мариовскиот крај, а ќе се градат и локални водоводни мрежи. Ова го најави градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

01.02.2014 - 15:07
Фото: 
лидер

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега