Груевски: Стартува процесот за избор на претседателски кандидат
Премиерот Никола Груевски денеска по поставувањето камен-темелник на новата холандска фабрика за печурки во Свети Николе, изјави дека со денешното распишување на претседателските избори, стартува процесот и планот на ВМРО-ДПМНЕ некаде кон крајот на февруари или почетокот на март да одржи конвенција на која ќе се избере и кандидат за претстојните претседателски избори.
- Што се однесува до евентуални предвремени парламентарни избори можам да кажам дека досега сме фокусирани на претседателските избори и не бевме фокусирани на прашањето поврзано со предвремени парламентарни избори. Сепак, изјавите што ги дадоа челници на ДУИ во минатите неколку дена фрла нова светлина врз настаните коишто доаѓаат и ние тоа со внимание го следиме и анализираме, изјави премиерот Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа