Брејвик: Постапив хумано, убив луѓе а сега немам воздух!
Норвешкиот монструм Андреас Брејвик се пожали на руската телевизија Рен Тв на уаловите кои ги има во затворот. Тој наброја дури седум, наводно незаконски постапки против него.
Се пожали дека не му е дозволено да се дружи со националистички определени истомисленици, потоа дека управата од затворот одбила да му плати за учебниците кои ги нарачал за доболнително да се образува.
Незадоволен е и бидејќи не му е дозволено да основа своја партија, а се пожали и дека му го ограничиле правото на туширање и свеж воздух. Покрај тоа тој се побунил и поради тоа што не му заградиле ново крило во затворот.
„Постапив хумано, убив луѓе но не ги мачев. Затоа барам хуман однос и према мене“, напиша Брејвик во писмо до руската телевизија.
Тој ја одслужува казната од 21 година затвор, поради масакрот во 2011 година кога уби 77 луѓе.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа