Кумановчанец не можел да земе социјална помош бидејќи даночна инспекторка го пријавила како вработен

Штипјанка си заработи кривична пријава поради злоупотреба на лични податоци.

Според податоците од полицијата, се работи за 53-годишната С.А. од Штип која во текот на 2011 година во својство на самостоен даночен инспектор во Управата за јавни приходи - Регионална дирекција-Штип ги искористила личните податоци на 49-годишниот Т.В. од кумановско и внела лажни податоци дека истиот е вработен при што му пресметала личен доход и бруто приходи во износ од 254.078 денари.

Кумановчанецот поради ова не можел да си ги оствари своите права како социјален случај, па случајот го пријавил во полиција.

01.02.2014 - 10:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега