Здравко Чолиќ се расплака среде емисија - еве зошто?
Познатиот српски пејач Здравко Чолиќ гостуваше во хрватска радио-емисија каде го промовираше новиот албум, а во емисијата како неочекувани гости му се придружи и Кемал Монтено.
Покрај него неколку ѕвезди како Антонија Шола, Маја Сар..се јавија и го пофалија Чолиќ. Меѓутоа него најмногу го погоди кога го слушна гласот на неговата учителка од Сараево, Фатима Делич, па дури и се расплака.
- Многу се гордеам со тебе. Твоите родители и јас сакавме само едно. Да добиеш гитара, да свириш и да бидеш дел од музиката, изјавила таа.
Овој коментар предизвика солзи радосници во очите на познатиот пејач.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа