Фејсбук со нова апликација "Весник "наменета за паметните телефони

Социјалната мрежа Фејсбук  постојано прави промени и воведува  интересни апликации за своите корисници, па така и сега Фејсбук ја покажа новата апликација наречена “весник”, што овозможува да споделувате и прегледувате статии и други содржини објавени на Smartphone-те.

” Весникот ” ви ги раскажува приказните многу поубаво преку претопување во дизајнот и екранот, без да има дополнителни  досадни содржини. Исто така го направивме полесен за споделување на прекрасните ваши приказни”, сподели Фејсбук  најавата на новата услуга на мрежата.

Апликацијата ќе биде достапна за корисниците на iPhone од 3 февруари.

Весникот презентира приказни и тематски секции, овозможувајќи им на корисниците да пронајдат теми и се движат од вести за храна и спорт до такви за наука.

Партнерите на весникот не се конкретно именувани, но видео објавено од Фејсбук, покажува корисник кој гледа различни статии од весникот “Њујорк тајмс”, списанието “Тајм”, весникот “УСА Тудеј” и весникот “Хафингтон пост “и други.

31.01.2014 - 10:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега