Откажани летовите за и од Истанбул

Воздушниот и копнениот сообраќај во Македонија утринава се одвиваат нормално, без забрани и ограничувања.

На аеродромот „Александар Велики“ утринава се реализирани полетувањата за Лондон, Виена и Загреб, а со мало задоцнување и слетувањата од Виена. 

Единствено не се реализирани летовите за и од Истанбул на турската компанија „Туркиш Ерлајнс“.

На патиштата низ Македонија засега сообраќајот се одвива нормално, по влажни коловози. 

31.01.2014 - 08:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега