Шест лица загинаа во торнадо во Тексас

 

 

Најмалку шест лица загинаа, судбината на 14 е во неизвесност, а повеќе од сто останаа без покрив над главата во налетот на торнадо во северниот дел на американската држава Тексас, изјави шерифот на округот Худ, Роџер Дидс. 

Според информациите на телевизијата Еј-Би-Си бурата разурнала над 80 куќи, а прекинат е и дотокот на електрична енергија.

Очевидци велат дека силниот ветер кревал во воздух автомобили, заедно со луѓето во нив, а потоа ги фрлал на земјата, искорнувал рекламни билборди и десеметарски дрва. 

 

најчитано сега