Амбасадорот Стефков ги шокираше грците, „Македонија“ одекна во Атина

Грчките медиуми во своите обиди да ја наклеветат Македонија за се и се што и од ништо да направат „случај“, денеска јавуваат и за една случка во претседателската палата во Атина која ја нарекоа „дипломатски фаул“.

Γрчкиот претседател Каролос Папуљас вчера организираше прием за дипломатскиот кор во земјата, на кој присуствуваа и членови на државниот врв.

Пред почетокот на приемот, една од службеничките која била задолжена за протоколот, му пришла на македонсиот амбасадор Сашо Стефков и имала проблем да ја прочита долгата референца ПЈРМ со која ни се обраќа Грција.

- Знам дека е долго името, скратете го на Македонија, ја пренесуваат грчките медиуми реченицата која нашиот амбасадор и ја упатил на службеничката.

Грците не можат да сфатат како тоа Стефков го изговорил името „Македонија“ пред почетокот на приемот и „пред сите присутни амбасадори“, а случката ја нарекоа „дипломатски фаул“.

МИА од свои извори дознава, дека освен овој кус „дијалог“, пред, за време и после приемот  немало никакви официјални обраќања од страна на македонскиот амбасадор.

30.01.2014 - 22:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега