Димовски ги претстави подготвителните активности на компанијата „Сахара“ во Џумајлија

На собраниската седница за пратенички прашања министерот за земјоделство Љупчо Димовски го претстави текот на подготвителните активности  за инвестицијата од  индискиот бизнисмен Субрата Рој во Џумајлија.

Во одговор на прашање од Соња Мираковска од НСДП, Димоски истакна дека се следат активностите на компанијата „Сахара“ во Македонија согласно договорот за издавање земјоделско земјиште под концесија, поднесениот бизнис план  за градење фарми за одгледување крави, изградба на капацитети за преработка на млеко и за производство на сточна храна.

- Морам да кажам дека едно е она што се гледа од страна, а друго е она што навистина се случува. Во најинтензивна фаза  на почеток на реализација се подготвителните активности околу подигнувањето карантински станици во коишто треба да бидат сместени првите грла високостелни крави што треба да бидат донесени од надвор, пред се, од Холандија и Германија, информира Димоски.

Според него во фаза на пристигнување  е поголем дел од механизацијата која што треба да биде ангажирана за обработување на земјоделската површина, а истовремено со подигнувањето на карантинските станици се врши интензивно  прочистување на каналскиот систем од хидросистемот Брегалница.

Во фаза е обезбедувањето се  најмалку 160 литри пивка вода во секунда од хидросистемот Злетовица преку пречистителната станица во Свети Николе, а се вршат и ископи односно истражување на теренот заради обезбедување на потребната  бунарска вода за наводнување на земјоделските површини

30.01.2014 - 18:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега