Реконструкцијата на седумте објекти во Циглана ќе започне утре

Реконструкцијата  на седумте објекти во скопската населба Циглана, сопственост на Агенцијата за станбен и деловен простор, што изгореа ноќта меѓу 7 и 8 декември 2013 година ќе започне утре,  соопшти заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, одговорајќи на пратеничко прашање.

Реконструкцијата на изгорените ромски куќи, пак, вкупно 17, ќе почне по завршувањето на тендерот што го објави Општина Бутел кој трае  до 10 февруари.

Според Ибрахими, семејствата ќе добијат многу подобри услови од оние што претходно ги имале, а особено ќе се води сметка за енергетската ефикасност на објектите.

- Ќе се реконструира површина согласно претходно постоечката што беше опожарена. За оваа намена, Владата, откако ја согледа состојбата, издвои 14,6 милиони денари, Градот Скопје обезбеди 2,4 милиони денари, а општина Бутел 1,4 милиони, рече заменик-министерот. 

30.01.2014 - 17:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега