Попоски денеска во Стразбур

 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе учествува на  123. министерска сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа, што ќе се одржи во Стразбур.

На состанокот ќе се разгледуваат повеќе актуелни теми од сферата на демократијата, човековите права и владеењето на правото во Европа што се во надлежност на Организацијата. На Сесијата и формално актуелниот претседавач на Комитетот на министри Андора ќе го предаде претседавањето на  Ерменија за следниот шестмесечен  период.

За време на учеството на министерскиот состанок, предвидени се повеќе средби на министерот Попоски, меѓу кои и со генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд и со комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Муижниекс, како и министрите за надворешни работи на Холандија, Франс Тимерманс и на Луксембург, Жан Аселборн.

ФОТО: Утрински

најчитано сега