ВИДЕО: „Сомнителни“ историски личности
И покрај тоа што за нив се пишувани многу приказни, а се предмет на многу преданија,сепак некои од општо прифатените историски личности можеби никогаш воопшто не ни постоеле.
Листа на овие „сомнителни“ историски личности е објавена на забавниот канал на Јутјуб „All Time 10's“.
Прв е Робин Худ, познатиот заштитник за сиромашните и потчинетите, но историчарите се уште не успеале да докажат дали навистина постоела личност со ваков идентитет, кој „крадел од богатите и им делел на бедните“. Освен неговиот идентитет, спор има и околу тоа дали Робин Худ бил благородник или обичен селанец.
За Лао Це, кој важи за татко на Таоизмот и за колега на Конфучиј, се смета дека живеел во шестиот век пред нашата ера. Но, некои историчари веруваат дека тој е измислена личност и „компилација“ од неколку филозофи.
Џон Хенри е роб кој е познат по тоа што наводно со свои раце побрзо ископал тунел од машина за копање. Иако човек со такво име постоел, историчарите велат дека не постојат докази оти споменатата „трка во копање“ навистина се случила.
Вилијам Шекспир е еден од најпознатите драматурзи и писатели на сите времиња. Но, некои извори наведуваат дека Шекспир бил само обичен актер и се прашуваат како е можно човек без образование да напише толку познати и квалитетни драми.
На видеото може да се види за кои уште „историски личности“ постои сомеж дали некогаш постоеле.
Поглендете..
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа