Адеми: Доколку нема консензуален кандидат можни се предвремени избори

Министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, денеска изјави дека доколку нема онсензуален кандидат, можни се предвремени избори.

- Ставот на ДУИ е дека доколку немаме позитивен одговор сите опции серизно ќе бидат разгледани, неисклучувајќи и предвремени избори. ДУИ се уште нема дискутирано со коалициските партнери и нема донесено одлука за предвремени избори, изјави Адеми за АЛСАТ телевизија.

Адеми додава и дека се во очекување на одговор од политичките партии за понудата за консензуален кандидат. ДУИ смета дека доколку немаат разбирање од политичките партии, ќе го прифатиат како неподготвеност на партиите да се соочат со предизвиците.

30.01.2014 - 16:07
Фото: 
а1он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега