Јанкулоска: Борбата со корупцијата и криминалот добива само на интензитет

    

       Министерката Гордана Јанкулоска на трибината во Кавадарци говореше за делот околу внатрешните работи и истакна неколку поважни проекти кои се од големо значење за граѓаните.

          Зборувајќи за доследноста на полицијата и правниот систем, Јанкулоска напомена за борбата со корупцијата и криминалот. “Од прв ден кога ја преземавме власта и институциите, рековме дека ќе се бориме против корупцијата и криминалот бидејќи тоа е единствениот начин на правилно работење и функционирање. Од тој прв ден, па се до денес ние не застанавме. Борбата со корупцијата и криминалот добива само на интензитет.”- рече Гордана Јанкулоска.

          Веќе 2 пати по ред имаше огласи за 300 и 400 нови позиции во МВР. Првиот оглас беше за 300 позиции, а вториот 400 позиции кои се пополнија со нови полицајци. Огромниот интерес и огромниот пријавен број на кандидати влева доверба дека граѓаните имаат доверба во институциите. Младите се охрабруваат и сакаат да работат во полицијата, гледајќи дека функционира одлично, напомена министерката Гордана Јанкулоска

       -   “Со посебна гордост морам да напоменам дека во тек е оглас каде што ќе ангажираме 12 пилоти на полициски хеликоптери. Убедена сум дека на многу млади луѓе им е животен сон оваа професија. Ги охрабрувам да аплицираат и влезат во процесот на селекција.”

          “Министерството за внатрешни работи во изминатиот период голем дел од своите ресурси ги посвети и на превентивното делување. Тоа не е случајно и ние сме длабоко убедени дека проблемите ќе бидат помалку и ако се вклучи целото општество во тој процес и кога станува збор за делот во заштитата во сообраќајот, каде што во минатата година статистиката не ни оди во прилог и имаме зголемен број на жртви, како и другите општествени грижи за општеството“, рече министерката за општествените одговорности во однос на безбедноста во сообраќајот и останатите грижи во општеството.

30.01.2014 - 14:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега