Трајановски: Со гасификацијата ќе се намалат трошоците за снабдување со енергија на граѓаните, домаќинствата и компаниите

Таткото на Град Скопје, Коце Трајановски, ја поздравува вчерашната најава на премиерот Никола Груевски со која Владата го почнува го почнува проектот за гасификација на Скопје и скопскиот регион.

- Гасификацијата ќе ја опфаќа целокупната територија на Македонија и ќе биде изведена според планови и програми. Освен склучувањето на договорот за снабдување со гас од Руската Федерација, неопходни беа дополнителни мега проекти кои треба да овозможат гасификацијата да заврши успешно. Средување на имотно-правни и земјишни односи и правење на многу анализи, беа дел од подготовките за реализација на овој проект, истакна градоначалникот на Скопје.

За потсетување, Владата во наредните денови ќе распише повик за договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивен систем на природен гас во скопскиот регион, кој ќе трае до 25 мај.

- Во оваа фаза на гасификација ќе бидат опфатени 17 општини, од Скопје и останатите општини од скопскиот плански регион. Се предвидува доделување на договорот на период од 20 години, во кој во првите пет години треба да се изгради поголемиот дел од мрежата, односно 175 од вкупно 250 километри мрежа. Според изработената студија се проценува дека инвестицијата за скопскиот регион би чинела 98,4 милиони евра, рече Трајановски.

трајановкси потенцира дека овој проект нуди енергетска сигурност на Македонија и значително ќе ги намали трошоците за снабдување со енергија на граѓаните, домаќинствата и компаниите.

 

30.01.2014 - 13:02
Фото: 
евести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега