Шумахер ги отвори очите

Михаел Шумахер накратко ги отворил очите, пишува француски Ле Екип, повикувајќи се на извори во болницата во Гренобл.  Веста ја пренесе и германскиот весник БИлд.
Според информациите Шумахер ги отворил очите откако почнале да го будат од кома. Тој реагирал на невролошкиот преглед откако му ги намалиле седативите, што според лкарите е одличен знак.
Медиумите пренесоа дека вчера почнал процесот на будење на Михаел Шумахер. Иако неговата портпаролка ги демантираше овие информации, францускиот угледен медиум ваквата изјава ја тумачи како спречување на евентуална гужва предболницата и потенцира дека има доверливи изври во болницата.
Михаел Шумахер повеќе од еден месец е во кома откако се повреди при пад на скијање.

30.01.2014 - 11:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега