Српските пејачи бесни поради настапот на Дорис и Јелена на Икс Фактор

Гостувањето на специјалните пејачки Дорис Драговиќ и Јелена Розга во популарното музичко шоу Икс фактор предизвика бура реакции кај српските музичари на социјалните мрежи. Пејачите се револтирани бидејќи продуцентите на ова шоу наместо да викна врвни пејачи од Србија, викнале две Хрватици да им бидат гости.

Меѓу првите се огласи Марија Шерифовиќ.

„Како сме ние Србите хуман народ“, беше иронична Марија.

Од сите странски ѕвезди, ние доведуваме две хрватски? – се запраша Ана Штајдохар пејачката која настапува секој петок во емисијата Вечер со Иван Ивановиќ.

И музичарот Огњан Радивојевиќ не остана рамнодушен

„Разбирам дека постојано сакаме да бидеме некој друг. Но никој друг не си ги гази своите! Зошто тоа не го копираме? Немаме женски изведувачи, што ли“?

Бидејќи Јелена Розга пееше на плејбек затоа ја критикуваа Никола Роквиќ и Сека Алексиќ.

Како точно пее Розга, човеку! Браво за „лајвот“ – беше ироничен Никола.

30.01.2014 - 09:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега