Грипот „кутна“ уште 60 лица во Кочани

Нови 60 заболени од грип во Кочани. 

- Бројот на заболените постојано се зголемува. Регистриравме нови 60 заболени.Најголемиот број од заболените се на возраст помеѓу 15 и 64 години и сите заболени се со лесна и средно тешка клиничка слика, изјави Благица Ѓурковиќ, директор на Центарот за јавно здравје во Кочани.

Таа вели дека будно се следи состојбата со заболените од грип во останите градови кои ги покрива Центарот од Кочани и таа бројка не е загрижувачка.

Лицата со покачена температура и други симптоми на грип, истакна, можат преку розовиот рецепт добиен од нивниот матичен лекар бесплатно да го земат лекот „Тамифлу“ од аптеката на Здравствениот дом во Кочани.

Од почетокот на сезоната во Кочани се регистрирани вкупно 140 заболени.

29.01.2014 - 11:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега