Адвокатот на Караџиќ: Младиќ е „единствениот човек во светот“ кој знае што се случуваше во војната во БиХ

Питер Робинсон или адвокатот на поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, изјави дека некогашниот командант на Армијата на босанските Срби, Ратко Младиќ е „единствениот  човек во светот“ кој знае најдобро што се случуваше во текот на војната во Босна и Херцеговина.

Робинсон вели дека токму затоа за Караџиќ е мошне важно Младиќ, кој и самиот е обвинет од Хашкиот суд, да сака да зборува.

Реакцијата на Робинсон доаѓа по неуспехот на судијата во процесот против Караџиќ да го натера Младиќ да сведочи.

Неприфакајќи да биде сведок, Младиќ грубо ги нападна судиите и Судот, ризикувајќи поради тоа да биде допонително обвинет за навреда на Трибуналот за што може да биде казнат со затвор до седум години.

"Ова е сатански суд кој  ни суди нам Србите, затоа што го браневме нашиот народ од вас", рече Младиќ обраќајќи му се на судијата во процесот против Караџиќ.

Обраќајќи се пак кон својот поранешен сојузник, Младиќ (71) му се заблагодари на Караџиќ се зборовите: „Ти благодарам Радоване и жалам, но овие идиоти нема да ме натераат да зборувам“. - Тие ги бранат бомбардирањата на НАТО, нагласи Младиќ.

Судијата потоа го одложи на неопределено време продолжението на процесот против некогашниот политички лидер на босанските Срби.

29.01.2014 - 09:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега