Ја претепал мајка си до смрт за да си го отплати коцкарскиот долг

54-годишен Србин е осомничен дека и го скршил вратот на сопствената мајка за да си ги отплати коцкарските долгови. 

Според податоците од српските медиуми, се работи за 54-годишниот Зоран Л. кој ја претепал мајка си до смрт, а последниот удар бил фатален, кога тој најверојатно со колено ја удрил во вратот и и го скршил, при што таа им подлегнала на повредите на местото на настанот. 

Како што пренесува Блиц, иако Зоран не го признава убиството, полицијата открила дека тој се коцкал и западнал во големи долгови кои немал како да ги врати. Тој побарал од својата мајка да го продаде станот и се што имаат за да може да се спаси, но таа го одбила, при што тој се разбеснил и ја претепал до смрт.

Соседите и пријателите велат дека бил мирен човек и дека немале семејни проблеми. Никој од нив не знаел за неговиот коцкарски долг.

Зоран од друга страна, вели дека неговата мајка умрела од природна смрт и дека тој не е виновен. Полицијата сеуште го истражува случајот.

29.01.2014 - 09:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега