Александра Секулиќ си заминува дома

Александра Секулиќ од тимот на Кики го напушта шоуто, по 4тата емисија во живо. Таа во двобојот за опстанок се бореше против нејзината тимска колешка, Александра Брковиќ.

Претходно, Секулиќ настапи со песната "Као да ме нема" од Вана. Емина го пофали нејзиниот сценски настап, стајлингот и изборот на песна, но не мислеше дека тоа е нејзиниот максимум.
 
Од Жељко доби коментар дека таа се разработува кога е фрка и дека и фалело повеќе жар и енергија, а од Кристина доби коментар дека оваа песна е преголем залак за неа.
29.01.2014 - 00:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега