За една недела 115 заболени од грип во Велес
Во Велес има нагло зголемување на заболени од грип во последната седмица и вкупниот број на болни е 115. Во првите дваесетина дена од јануари имало 40 заболени, а во последните седум дена има нови 75 грипозни лица, според податоците на ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес.
Епидемиологот д-р Билјана Трајкова информира дека во изминатата недела од грип се заболени и четири деца до 3 години и две деца на возраст од 5 до 14 години. Најмногу заболени (58 лица) има во старосната група од 15 до 64 години, а 12 се над 65-годишна возраст.
Според д-р Трајкова, состојбата со грипот во Велес не е алармантна и дека е вообичаена за овој период од годината. Сепак, предупредува болните со симптоми на грип веднаш да се јават кај своите матични лекари за да добијат правилна терапија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа