Ердоган: Ѓулен ја „украде народната волја“

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска го обвини движењето на исламискиот проповедник Фетулах Ѓулен дека се обидува да ја „украде народната волја“.

Ердоган, без да спомне име, ја обвини организацијата на Ѓулен дека е непријател на сопствениот народ.

Најголема кражба, кражба на народната волја. Тие кои на 17 декември со своите фанатици во судскиот систем ја нападнаа народната волја, не можат да се справат со корупцијата. Не можат да ја фрлаат врз нас калта на корупцијата, посочи Ердоган на седница на парламентарната група на неговата владејачка исламистичка Партија на правдата и развојот (АКП).

28.01.2014 - 16:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега