Просечната нето-плата во ноември 21.054 денари

Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата  по вработен во ноември 2013 година изнесувала 21.054 денари. Во однос на месец ноември 2012 година, нето-платата е зголемена за 0,9 денари.

Зголемувањето се должи, пред сè, на повисокиот износ  на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 6,2 проценти, „транспорт и  складирање“ за 5,3 проценти и „дејности на здравствена и социјална заштита“ за 3,6 проценти, додека од друга страна намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември во однос на октомври, е забележано во секторите „рударство и вадење камен“ за 8,8 проценти, „снабдување со вода, отстранување на отпадни  води, управување со отпадни дејности за санација на околината за 6,3 проценти и „градежништво“  за 4,2 проценти. 

28.01.2014 - 15:14
Фото: 
Алфа.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега