Јанукович се уште молчи за оставката на Азаров

Украинскиот претседател Виктор Јанукович се уште не се изјасни по оставка што денеска ја донесе премиерот Микола Азаров.

Тој изјави дека се решил на оставка во обид да спречи натамошната ексалација на длабоката политичка криза во Украина и за да придонсе на смирувањето на уличните протести во Киев, кои траат повеќе од еден месец.

Јанукович не реагираше на оставката, давајќи му предност на поништувањето на контроверзните законски решенија донесен по брза постапка, со цел да се спречат демонстрциите. Но. наместо вракање на редот и мирот на улиците од Киев, законите само уште повеќе го засилија отпорот на опозицијата, која бараше нивно укинување пред да може да се воспостави вистински дијалог со власта.

Украинскиот Парламент денеска со големо мнозинство укина девет од овие 12 закони, што беа донесени на 16 јануари.

28.01.2014 - 14:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа