Во чиј спот ќе се појави Кристијан Голубовиќ?

Српската старлета Сораја реши да заплива во музичките води, а за нејзината прва песна главната улога во видео-записот ќе ја има Кристијан Голубовиќ.

-„Мојата прва песна е доста провокативна, а за машката улога ми треба некој кој е необичен и кој ќе го изнесе тоа како што треба. Драго ми е што ќе дојде до соработка со Кристијан и верувам дека се ќе изгледа врвно", изјави Сораја за "Alo".

И Кристијан е среќен што има можност да соработува со Сораја.

-„Според мене таа е најдобрата старлета", изјави Голубовиќ. "Ја гледав во реалното шоу Големиот Брат, а и од некои луѓе слушнав дека е различна. Во реалното шоу се покажа како културна и држеше до себе. Обично луѓето мислат дека старлетите се пластика, напумпани, дека сакаат пари, но не се сите исти", рече тој.

Инаку, неодамна Голубовиќ си заработи 14 години казна затвор за шверц на дрога на релација Белград-Нови Пазар.

28.01.2014 - 13:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега