Борбата против корупцијата предуслов за влез на Албанија во ЕУ

Ханес Свобода шефот на групата на социјалдемократската фракција во Европскиот парламент изјави дека борбата против корупцијата е од огромна важност, бидејќи Албанија се обидува да ги зајакне напорите за членство во ЕУ.

Тој истакна дека Албанија треба да измине уште долг пат во рамки на нејзиниот евроинтеграциски процес, но изрази убеденост дека оваа балканска земја ќе може да добие кандидатски статус за членство во „европското семејство“ во јули оваа година.

Свобода, кој допатува во Тирана на покана на парламентарната група на владејачката партија во земјата, нагласи дека соработката и взаемното разбирање меѓу парламентарните партии, како и почитувањето на човековите права, е од суштинска важност за остварување на целите на Албанија.

Потребата од спроведување реформи тој ја истакна како најважна, додавајќи дека освен човековите права, важен елемент е и почитување на демократските вредности. 

28.01.2014 - 11:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега