Верижен судар во Квебек- најмалку 32 лица се повредени

Најмалку 32 лица се повредени, а седум од нив се префрлени во болница и се во критична состојба по вчерашната верижна сообраќајна насреќа која се случила во канадската провинција Квебек, на автопатот во близина на градот Сент Адел.

Како причина за несреќата се наведуваат обилните снежни врнежи во Квебек.

Пожарникарите употребиле специјални хидраулични инструменти во спасувачката операција за да можат да ги извадат луѓето од уништените автомобили.

 

Движењето по автопатот неколку часа било затворено во двата правца, што, пак, довело до километарски задржувања по околните патишта. 

28.01.2014 - 09:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега