И Попоски се сретна со Хојт Брајан Ји: Македонија ја има поддршката од САД

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска остварил средба со новоименуваниот заменик помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави, надлежен за Европски и Евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Хојт Брајан Ји.

Во рамки на нашите актуелни внатрешни и надворешно-политички состојби, министерот Попоски го информирал високиот функционер на Стејт Департментот за реформските процеси и активности кои ги презема македонската Влада со цел побрза интеграција на нашата држава во НАТО и во Европската унија.

Како што информира МНР, соговорниците размениле мислења за повеќе актуелни прашања, со посебен акцент на очекувањата за понатамошна поддршка од САД, во процесот на нашата евроинтеграција.

Хојт Брајан Ји ја повторил непроменетата принципиелна американска позиција за поддршка на нашите евроатлантски аспирации, особено во контекст на следниот НАТО Самит, кој ќе се оддржи во септември оваа година во Кардиф.

27.01.2014 - 13:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега