ВИДЕО: И ова го има - Градник кој може да го откопча само вистинската љубов

 

Нов изум од Јапонија:  Паметен, но и совесен градник, кој сам се откопчува, но само кога ќе утврди дека жената е заљубена.

Јапонскиот производител на долна облека "Ravijour" сака неговите муштерии да не се задоволат од ништо помалку од вистинска љубов. 
 Овој изум се нарекува револуционерен градник кој знае како жената се чувствува, а промотивното видео испраќа јасна порака дека овој паметен и совесен градник има за цел жените да ги заштити од врски за една ноќ.
 
Во градникот е вграден сензор кој ги бележи отчукувањата на срцето, па добиените податоци преку bluetooth ги испрака на посебна апликација на телефоните која ги анализира. Кога тестерот за вистинска љубов ќе достигне одредена вредност, градникот сам се откопчува.
27.01.2014 - 13:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега