Крвав викенд во Скопје - 29 сообраќајки за само три дена

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Градот Скопје се случиле вкупно 29 сообраќајни незгоди.

Според евиденцијата на сообраќаjната полиција, во петокот се случиле вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив шест се со последица материјална штета, седум се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле шестмина возачи на патнички моторни возила, двајца пешаци и еден сопатник.

Се случиле уште четири незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај.

Во саботата, сообраќајната полиција извршила увид на пет сообраќајни незгоди. Од нив една е со последица материјална штета и две се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден пешак.

Се случиле и две сообраќајки со последица тешки телесни повреди. Првата се случила во 22:55 часот на крстосницата од ул. „Скупи“, ул. „Скупи 3“ и улица „Скупи 6“ во која учествувале патничко моторно возило „лада рива“ со скопски регистарски таблички управувано од граѓанин на Скопје и пешак граѓанин на Скопје. Како последица на незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот. Втората незгода се случила во 23 часот на крстосницата од ул. „Московска“ и ул. „Женевска“. Во незгодата учествувале патничко моторно возило „венто“ со скопски регистарски таблички управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Скопје. Како последица од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешак.

Во саботата се случиле уште три незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај.

Во неделата се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди.. Од нив седум се со последица материјална штета, три се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило и еден сопатник. Се случила и една незгода со последица тешки телесни повреди. Истата се случила во 15 часот и 30 минути на крстосницата од ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, ул. „Војвода Васил Чакаларов“ и ул. „Московска“ во која учествувале патничко моторно возило „голф“ и патничко моторно возило „пежо“ и двете возила со скопски регистарски таблички управувани од граѓани на Скопје. Како последица на незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот, а со полесни повреди се здобиле двајцата возачи на патничките моторни возила и еден сопатник.

Во неделата се случиле уште две незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај.

 

27.01.2014 - 09:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега