Џафери денеска на средба со Аврамопулос
Македонскиот и грчкиот министер за одбрана, Талат Џафери и Димитрис Аврамопулос, денеска ќе остварат средба во грчкото МО, јавува Канал 5. Средбата ќе се одржи во 11 часот.
Средбата на двајцата министри требаше да се оствари уште во декември, но, беше одложена поради смртта на Мандела и одлуката Аврамопулос да ја претставува грчката Влада на погребот.
Ова е трета средба на Џафери и Аврамопулос. ТИе се сретнаа во Лариса ворамки на свечената церемонија по повод примопредавањето на должноста командант на мултинационалната бригада на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ, а потоа и во Брисел еден месец подоцна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа