Смртоносно беснило шират мачките низ Скопје - што треба да направите ако имате миленик
Скопски мачки шират смртоносно беснило. Заразната болест рабиес е утврдена кај улична мачка од Радишани која завчера гризнала човек. 35 годишниот скопјанец сакајќи да ја потргне мачката која лежела на патот, бил угризан и во паника веднаш заминал на лекар.Скопјанецот е веднаш вакциниран и е надвор од животна опасност. Во истата населба ветеринарите пронашле две угинати мачки за кои најверојатно беснилото било пресудно.
Оттаму апелираат,граѓаните веднаш да пријават доколку забележат било какво несекојдневно однесување кај своите миленици или пак кај животните од улица.
Ова е прв случај по 14 месеци кога беше регистрирано беснило кај домашна мачка во радовишкото село Јаргулица. Агенцијата веднаш ги презеде задолжителните мерки и во скопско Радишани. За овие два дена вакцинирани се над 80 мачки и кучиња кои потоа се сместени во Стационарот во Вардариште. Во меѓувреме , Агенцијата за ветеринарство редовно ги врши годишните авионска вакцинација кај дивите животни.