Пиштоли и закани фрчеа во „Зегин“ во Скопје

Засега непознат сторител вчера ја ограбил аптеката „Зегин“ лоцирана на улицата „Џон Кенеди“ во скопски Чаир.

Според информациите од МВР, разбојникот влегол во аптеката околу 20:40 часот, и се заканил на вработената со пиштол и украл 20.000 денари од касата.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

25.01.2014 - 13:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега