Црвенковски влегува во трката за претседател на СДСМ
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски е еден од петте кандидати кои влегуваат во трката за претседателски мандат во СДСМ. Неговата кандидатура, вечева, на неколку часа пред истекот на рокот ја доставиле членовите на иницијативниот одбор кој бара да остане на чело на партијата. Заедно со неговата програма биле доставени и над 15.000 собрани потписи. Бидјеќи партискиот статут ги обврзува каднидатите, кандидатурите да предадат заедно со програма за наредниот мандат, иницијативниот одбор ја предал програмата од пред неколку години „Решенија за Македонија“ со која СДСМ ги загуби парламентарните избори.
Заедно со неговата вкупно пет кандидатуи за претседател на СДСМ присигнале во Централата на Бихаќка, попладнево. Во игра за претседаел на СДСМ и офцијално влегуваат и Зоран Јовановски, Зоран Заев, Кире Наумов, и Игор Ивановски.
Утре СДСМ одржува Централен одбор кој ќе треба да реши, дали некоја од овие кандидатури ќе отпадне или пак сите 5 ќе бидат ставени пред Конгресот на 2 јуни