Јакимовски: Црвенковски е крал на темнината - СДСМ нема сила да биде опозиција

СДСМ нема сила да биде опозицска партија и време е за нов политчки субјект, бидејќи граѓаните тоа го бараат од мене. Стевчо Јакимовски во интервју за Канал5 распли по СДСМ откако партијата вчера смени двајца делегати во Когресот бидејќи биле блиски до него

-СДСМ не комуницира со граѓаните. Луѓето од раководството на партијата цело време комуницираат сами со себе. Јас кога се кандидирав за градоначалник, имав чувство дека тоа граѓаните го бараат од мене.  Сега имам чувство дека граѓаните бараат нова сила, затоа што СДСМ се покажува дека не е таа сила. Во партијата бараат внатрешни непријатели и наместо да создаваат пријатели, создаваат што е можно повеќе непријатели. СДСМ повеќе нема сила за да биде опозициска партија, рече Јакимовски за Канал 5.

За престојните внатре патиски избори, Јакимовски вели дека кој и да победи, Црвенковски ќе остане сенка во партијата

-Црвенковски сам најавува дека ќе си замине, а потоа сам си собира 20.000 потписи за да докаже колку членството го посакува и натаму да биде претседател. Тој си поигрува мајтап со своите колеги кои се кандидати за претседатели. Со ова покажува дека и натаму неговата рака ќе остане сенка во СДСМ, каков и да е изборот. По мое длабоко убедување, Црвенковски ужива кога ќе создаде магла и темница, од која ќе се појави како крал на темницата и ја разбиструва целата ситуација, рече Јакимовски.

најчитано сега