„Жалиме за затворањето на Мекдоналдс - се надеваме дека повторно ќе отвориме“
Како последица на околности кои се надвор од наша контрола, побарано е од нас да ја запреме работата на McDonalds’s рестораните на територијата на Македонија, од вторник, 14 мај, 2013 година.
Моментално бараме решение кое ќе ни овозможи повторно да ги отвориме вратите на нашите ресторани, што е можно побрзо. За таа цел, се надеваме на корисни преговори со McDonald’s корпорацијата, кои ќе ни овозможат да ја продолжиме нашата мисија и да ги услужуваме нашите верни потрошувачи во Македонија. Ние сме ви многу благодарни на сите вас за вашата доверба и наклонетост во последните 15 години и со нетрпение очекуваме да продолжиме да ве услужуваме во годините кои доаѓаат.
Од 1997, кога се отвори првата франшиза на McDonald’s во Скопје, McDonald’s Македонија го направи овој глобален бренд достапен во оваа земја и денес обезбедува стабилно вработување за повеќе од 200 вработени. До денес, McDonald’s франшизата во Македонија, инвестираше 6,000,000€ во востпоставувањето на брендот и развојот на бизнисот, со цел задоволување на потребите на нашите потрошувачи.
Жалиме за ваквиот прекин на работата и ќе ве информираме за напредокот во решавањето на проблемот, штом бидеме во можност.
(Интегрален текст од официјален допис на СЈ Компани, носител на лиценцата за Мекдоналдс во Макдонија