Ивица Коневски го расплака Жерновски

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски според анкетата што ја спроведе порталот „Скопјеинфо“, се најде на второто место на нaјуспешен градоначалник, зад градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски.

Ваквкиот расплет беше доволна причина Жерновски да го критикува изборот и да излезе со тврдење дека анкетата наводно била наместена. Очигледно градоначалникот на Општина Центар не може да се помири со фактот дека граѓанте не го избраа него за најдобар градоначалник, па сега народот му е крив за тоа, пишува Денешен

Жерновски во писмото до медиумите вели дека не сака да учествува во изборот каде се изигрува вољата на граѓаните“, иако според информации на порталот, токму Жерновски преку неговата блиска соработничка Катерина Цаневска-Арсовска, која му ги врши сите шпекулативни работи, се обиделе да ја фалсификуваат волјата на народот, но не успеале.

После ова, како што пишува Денешен, градоначалникот на Центар не можел да се помири со фактот што тој не е најдобриот скопски градоначалник, туку приматот му припадна на друг.

Дел од незадоволните граѓани од работата на Жерновски за Денешен коментираат дека градоначалникот на Центар почнува да наликува на Калимеро, ликот кој сопствената неспсообност и немањето на ниеден проект го прикрива со плачење и глумење жртва, врескајќи дека нема правда.

Во изборот за најуспешен градоначалник кој го спроведе „Скопјеинфо“ учествуваа 25 илјади граѓани.

24.01.2014 - 13:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега