Бред Пит ја поддржа Анџелина Џоли за направената месектомија

 

Популарниот американски актер Бред Пит, ја смета за херојска одлуката на неговата сопруга Анџелина Џоли да направи двојка мастектомија. Тој јавно и безрезервно на својата сопруга и ја даде целосната своја поддршка.

Од прва рака сведочев на оваа одлука. Сметам дека одлуката на Енџи, како и сите други жени како неа, апсолутно е херојска. Му благодарам на нашиот медицински тим на нивната нега и внимание. Се што сакам за неа е да има долг и здрав живот со мене и нашите деца. Ова е среќен ден за нашето семејство, рече Бред Пит.

Актерката ваквата шокантна вест ја пренесе и во своја колумна која што ја напиша во „Њујорк Тајмс“, каде што отворено пишуваше за нејзината здраствена состојба, и стравот од ризик да се разболи од рак. 

 

најчитано сега