ВИДЕО: Не можеле да ја замолчат од гласното пеење, па ја исфрлиле од авион
Пилотот на авионот од компанијата „American Airlines“ кој што летал од Лос Анџелес за Њујорк, бил принуден да слета во Канзас, поради неподносливото пеење на една од патничките. Жената која што постојано гласно го пеела хитот „I will alwaus love you“ од филмот Телохранител, го попречувала мирот и тишината на останатите патници. Дел од нив го снимиле инцидентот. Интересно кога ја уапсиле на аеродромот и ја врзале со лисици, таа и понатаму продолжила да ја пее песната од починатата американска пејачка Витни Хјустон.