За 7 милијарди зголемен буџетот на ЕУ за 2013 година
На денешниот состанок на министрите за финансии на ЕУ, била донесена одлука за зголемување на заедничкиот буџет за 2013 година за 7,3 милијарди евра.
За покривање на недостатоците во буџетот, 11,2 милијарди евра ќе бидат додадени од првата транша. Овие средства се наменети за економски раст, отворање на работни места и намалување на невработеноста, особено кај младите луѓе.
Ваквата одлука треба да биде формално усвоена во подоцнежниот период, со заклучување на разговорите со Европскиот парламент за повеќегодишно финансирање на ЕУ за периодот од 2014 до 2020 година.
Унијата потрошувачката за 2013 година може да ја планира од вкупниот буџет во износ од 143 милијарди евра. Но сите членки во касата планираат да уплатат нешто помалку во износ од 132 милијарди евра, сума која е помала за пет милијарди од првичниот предлог на Европската комисија.