Повеќе од 20.000 српски полицајци ја тужат државата

Српскиот весник “Новости” објави дека повеќе илјади српски полицајци, веќе осум години се тужат со државата во обид да наплатат ноќна и прекувремена работа, работа за време на државни празници и патни трошоци.

Во 2006 година државата ја тужеле повеќе од 20.000 полицајци, од кои мал дел ги добиле споровите и отштета до 700 илјади динари.

Полицајци кои изгубиле на суд, по одлука на Уставен суд од 2012 година во нивна корист, поднеле барања за обновување на постаката.

Весникот наведува дека европскиот суд за човекови права во Стразбур се заинтересирал за необјаснивиот факт и за тоа како е можно различни судови во иста држава, но и исти судии во рамки на исти судови, за исто прашање да донесуваат спротивни одлуки.

24.01.2014 - 11:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега