ЈСП со нова автобуска линија со број „118"

ЈСП воведува нова автобуска линија која ќе биде промовирана денеска. По барање на граѓаните, се воведува автобуска линија со број 118. 

„Новата автобуска линија, која се воведува по барање на граѓаните, се очекува да ги подобри условите во индустриската зона Визбегово, односно да придонесе за поголема посетеност од граѓаните на продажните капацитети во оваа зона, како и полесна пристапност на работните места на вработените во тие капацитети. Во Визбегово има околу 200 компании со околу 2 000 вработени, и се надевам дека оваа нова автобуска линија којашто 8 до 9 пати во текон на денот ќе сообраќа на релацијата од Транспортниот центар до Визбегово, во периодите од 6,15 минути до 18 часот, со пробен период од еден месец, ќе биде воведена како редовна линија, и на вработените, а и на граѓаните ќе им помогне побрзо и полесно да стигнат до другите делови на градот Скопје и да ги завршат своите обврски“, истакна градоначалникот Трајановски.

 

24.01.2014 - 10:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа