Пајакот направи “лом“ на скопските улици

Скопската сообраќајна полиција вчера имала полни раце работа.

Според информациите од СВР Скопје, вчера биле “фатени на дело“ 25 пешаци кои не поминале на пешачки премин, како и петмина пешаци кои поминале на црвено светло. Казниети и исклучени од сообраќај биле и четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол. 27 возачи заработиле казни поради пребрзо возење, а 13 од нив возеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Казни “летнаа“ и за седуммина возачи не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“, пак, сообраќајната полиција отстранила 93 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во текот на викендот имаме најава на вонреден настан. Во недела со почеток во 17 часот во Универзалната сала ќе се одржи Основачко собрание на Младинскиот форум за граѓанската опција за Македонија ГРОМ. Место на собирање на граѓаните ќе биде на булеварот „8 Септември“ пред и после крстосницата со булевар „Партизански одреди“ каде се очекува со моторни возила да пристигнат поголем број на граѓани од Скопје и од внатрешноста. За време на движењето на граѓаните по бул. „Партизански одреди“ во Карпош 3 према Центар сообраќајот ќе биде пренасочен на потегот од крстосницата „8 Септември“ па се до Универзалната сала, а додека правецот од Центар према Карпош 3 по бул. „Партизански одреди“ сообраќајот ќе се одвива нормално. 

24.01.2014 - 09:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега