Хашкиот трибунал го осуди Никола Шаиновиќ на 18 години затвор

 

Поранешниот потпретседател на Владата на Сојузна Република Југославиија Никола Шаиновиќ денеска беше осуден на 18 години затвор од  Хашкиот трибунал.

Освен Шаиновиќ касна затвор добија и полицискиот генерал Сретен Лукиќ осуден на 20години, генералот на Војската на Југославија Небојша Павковиќ на 22 и Владимир Лазаревиќ на 14 години затвор опоради злосторства над косовските Албанци во 1999 година.

На генералот Павковиќ, поранешен командант на Третата армија на ВЈ потврдена е правостепената пресуда од 22 години затвор.

Казната на Шаиновиќ му е намалена од 22 на 18 години, а на началникот на штабот на косовското Министерство за внатрешни работи Лукиќ од 22 на 20, а на началникот на штабот на Приштинскиот корпус Лазаервиќ од 15 намалена му е казната бна 14 години.

Со обвинението е опфатен и поранешниот претседател на Србија Милан Милутиновиќ, кој првостепено е ослободен од сите точки на обвинението.

23.01.2014 - 13:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега